Денeс (петок 19 април) од 19:00 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од учениците од графичката насока од Средното училиште „Ристе Ристески – Ричко“.
На изложбата ќе бидат изложени околу 30 дела на тема Античка Македонија. Учениците од графичката насока на училиштето ќе се претстават заедно со подмладокот на ДЛУП.
Поголемиот дел од делата, вели професорот Тони Палачаров, се изработени во растерска и векторска графика, а целта на изложбата е поттикнување на младите да се заинтересираат за графичкиот дизајн, но и да се запознаат со историјата