АРТерија: Уметнички Фестивал Охрид 18-21 Јуни

Во периодот од 18-ти до 21-ви Јуни , во Охрид, во организација на Центарот за Културен Проток “АРТерија”,  се одржува четири дневен Уметнички Фестивал “УФО” кој се одвива на отворен простор и опфаќа повеќе видови на уметнчко културни настани.

Изведбите се одвиваат пред Центарот за култура и Библиотека” Григор Прличев“ и дел на градскиот плоштад (и малото пристаниште)
Ова е прв фестивал во Охрид чија програмата опфаќа: цртање на …графити, проекција на филмови, инсталации, рецитал и музичка поддршка.
Ќе учествуваат млади уметници од државава од повеќе области, а за подетален преглед ви ја доставуваме целосната програма.

За филмските проекции направена е соработка со скопското здружение “Compressor 3KT”, на која ке учествуваат македонските режисери: Ѓорѓи Јаневски, Иван Ивановски и Јане Алтипармаков.

Отворањето ќе биде со авторски перформанс на АРТерија, „Залепи се!“ (Културна вакцинација) кој воедно претставува визуелно и симболично претставување на групата и нејзините цели.

На програмата може да се проследи:

18 јуни, Сабота, Градски плоштад:
18:00 часот Перформанс „Залепи се!“
АРТерија и музичка група од Државното средно музичко училиште од Струга

19 јуни, Недела, Центар за култура:
18:00 -21:00 часот Цртање графити: Владимир Трајаноски, Мики Блажески, Илија Богданоски, Незир Керимоски и Петар Стефаноски
21:00 часот Перформанс: Даниел Коцев
21:30 часот Коктел
22:00 часот Филмска проекција: Компресор ЗКТ
Инсталација: Ален Реџепагиќ и Даниела Илиевска

20 јуни, Понеделник, Центар за култура:
18:00 – 21:00 часот Цртање графити
18:00 – 21:00 часот Изложба: Кирче Стојоски
21:00 часот Перформанс: „Името ми е Владимир Лур“ – Ненад Јолдески и Јован Наумоски
21:30 часот Коктел
22:00 часот Филм проекција: Компресор ЗКТ
Инсталација: Ален Реџепагиќ и Даниела Илиевска

21 јуни, Вторник:
19:00 часот Перформанс: АРТерија

Центарот за културен проток АРТерија од Охрид е здружение на млади ликовни уметници, оформено во декември 2010. Го сочинуваат 15  дипломирани и магистрирани сликари, вајари, графичари, графички дизајнери и фотографи од Охрид.

Без оглед на краткиот временски период на постоење , досега успеале да реализираат и остварат не само проекти кои имале  за цел претставување на творештвата на членовите од групата , туку и на изложби на млади автори од Македонија  и префрлување на веќе реализираните изложби од Скопје  во Охрид.

You May Also Like