„Боеми“ на Пучини на сцената на МОБ

Македонската опера и балет ве кани на оперското ремек дело „БОЕМИ” – Џакомо Пучини на 24 октомври (среда) со почеток во 20.00 часот.

Приказната за животот на љубовниците Родолфо и Мими, ќе се изведе под диригентската палка на Енрико Довико од Италија, во режија на Дејан Прошев.

Операта во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите” на Хенри Мургер, доловена преку масивната сценографија на Зоран Николовски и колоритната костимографија на Марија Пупучевска. Публиката за миг ќе биде пренесена во париските поткровја каде неколку млади уметници и покрај сиромаштија и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев) живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, а без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски.

Настапуваат:
Родолфо: Ѓорѓи Цуцковски
Мими: Сандра Митровскa
Марчело: Марјан Јованоски
Шонар: Андреа Ѕаупа (Италија)
Колин: Владимир Саздовски
Мuзета: Билјана Јосифов
Беноа: Невен Силјановски
Алчиндор: Борко Биџовски
Парпињол: Јане Дунимаглоски
Граничар: Димитар Кожухаров
Офицер: Диме Петров

Билетите може да ги резервирате и купите на Билетарницата на МОБ:
02 3118-451 или онлајн на: www.mob.mk

You May Also Like