Неколку корисни совети, кои се дел од техниките на Марија Монтесори, за работа со деца во група:
– Не го закачајте детето, ако тоа само не ви се обрати.
– Не зборувајте лошо за детето, ниту пред него ниту зад неговиот грб.
– Сконцентрирајте се за добар развој на детето, како резултат на кој, лошите црти што ги поседува ќе изчезнат.
– Подгответе ја средината за работа со детето. Бидете педантни и грижете се за неа. Помогнете му на детето да развие конструктивен однос со неа. Покажете му го местото на секој предмет и објаснете му како да го користи.
– Бидете спремни да разговарате со детето, секогаш кога ќе ве праша нешто.
– Почитувајте го, макар и да направило некоја беља, порано или покасно самото ќе ја исправи. Престанете со секое неадекватно користење на материјалите или секоја активност, која ја заплашува безбедноста на детето или другите деца.
– Помогнете им на тие деца, кои бараат активност, но неможат да се одлучат.
– Покажете и објаснете им на децата, кои се откажале од некоја активност. Помогнете им да го усвојат материјалот. Бидете мирни, полни со љубов и внимание.
– Секогаш во разговорите со децата, имајте добар однос. Погледнете ги и откријте го најдоброто од себе пред нив и средината во која се наоѓате.