Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе реализира концерт за деца на 20 октомври со почеток во 12 часот во малата сала на Македонската филхармонија.
Што е тоа… гудачки квартет? Мали камерни состави – Пламенка Трајковска, со огромно задоволство го најавува својот најнов проект посветен на децата и младите „Што е тоа..” чија цел е доближување на класичната музика до овој сегмент од населението. Првиот дел од од проектот се однесува на гудачките инструменти и музичките состави, кои што децата и младите, преку еден интерактивен и мултимедијален концерт, ќе можат да го видат/слушнат/осетат. Концертот ќе вклучува и сценски движења и мултимедијални елементи преку кои учесниците ќе ги однесе во светот на класичната музика и ќе ги запознае со музичките инструметни и начинот на музицирање на виолина, виола и виолончело.
На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат Наташа Диденко, Љубица Бошкова и Маја Михајловска .
Пламенка Трајковска – мали камерни состави досега имале можност за реализираат повеке концерти за деца во Скопје и во домовите за култура во Македонија. Од почетокот на годината Пламенка Трајковска – мали камерни состави реализираа повеке концерти за деца со наслов „Музика и танц за учениците” во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, а сега го започнуваат новиот проект наменет за доближување на класичната музика до децата – „Што е тоа… гудачки квартет”.
Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Македонската филхармонија.
Билетите може да се купат на билетарницата на Македонската филхармонија.