Во вторник (4 септември, 2012 година) во 10:00 часот во Куршумли- Ан започнува второто издание на Неделата на дизајнот (Skopje Design week). Организатор е платформата „Министерство за задоволство“.
Земја во фокус – Финска
Капитал и Дизајн – инвестиција, промоција, како до нови пазари
Изложби – експо зона, млади таленти, патувачки изложби, гости
Предавања и работилници – Практична наобразба, дизајн и бизнис, историја, сегашност, трендови, нови перспективи
Презентации – новитети, стратегии и позиционирање, креативна соработка
Графички дизајн и дизајн на производ – дизајн на пакување, идентитет на бренд, дизајн на етикета
Креативност за деца – детски работилници, обликување и цртање, креативност за најмалите
Кулинарство – жива и сензуална храна, кафе-пауза во Куршумли ан, дегустации, работилници, презентации
Перформанс – танго часови, графити, арт, вело-тетоважи
Музика – музички групи, ДЈ-и.
