„Анимирана ликовна авантура“ – детска работилница

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денес (петок, 10 август) од 11 до 14 часот ќе организира ликовна работилница „Анимирана ликовна авантура“, на која ќе учествуваат деца од шест до дванаесет години.

Под менторство на академски ликовни уметници, во фоајето на Центарот за култура децата ќе цртаат омилени ликови од анимираните филмови. Целта е да стекнат основни знаења за изработка на цртежи и да им се поттикне креативниот дух.

Оваа е прва работилница од ваков вид. Во наредниот период месечно ќе се одржуваат вакви работилници на различна тема, а ќе бидат вклучени ученици од основните училишта и наставници по ликовно. Целта е да се поттикнат учениците да цртаат и творат под менторство на стручните лица од установата и нивните наставници.

Ќе се обезбедат четки, палети и други потребни материјали со кои ќе работат децата, а на учесниците ќе им бидат врачени благодарници. Цртежите ќе бидат претставени во изложбениот простор.

You May Also Like