Осмомартовска изложба „Процут кон женственоста“ во Националната галерија на Македонија

Националната галерија на Македонија продолжува со својата веќе воспоставена традиција, и годинава по петти пат, во чест на меѓународниот ден на жените, 8ми март, отвори изложба во чии фокус се токму тие, жените.

На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената.

Изложбата насловена „ПРОЦУТ КОН ЖЕНСТВЕНОСТА, од колекцијата на Националната галерија“, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам, од 3ти до 15ти март, отворена за јавноста за индивидуална посета, во согласност со протоколите. Изложбата прикажува селектиран избор на македонски и странски автори, кои претежно припаѓаат на првите генерации уметници, а ја обработуваат темата, тесно поврзана со човечкиот животен циклус – односно фазите кои претходат во растењето и оформувањето на една жена се до зенитот на нејзината зрелост.

Селекцијата опфаќа дела кои се дел од богатата збирка на Националната галерија на Македонија.

Изложбата брои околу четириесеттина дела – цртежи, графики, слики, скулптури, фотографија, мозаици. Застапени се нашите автори од првите генерации: Димитар Андонов Папрадишки, Ѓорѓи Зографски, Никола Мартиноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски, Љубомир Белогаски, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Димитар Кондовски, Ванчо Ѓорѓиев, Борка Аврамова, Катја Ефтимова и автори од Југословенската колекција како: Петар Палавичини, Мирослав Краљевиќ, Златко Прица, Франце Краљ, Ристо Стијовиќ, Златко Латковиќ, Сретен Стојановиќ, Мирко Почуча, Андре Пате.

You May Also Like