Стрип-центарот на Македонија со свој учесник на колонијата „Рашка 2018“

Сценаристот Александар Стеванов од Штип беше претставник на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес на 7-та Меѓународна стрип-колонија „Рашка 2018“ која деновиве се одржа на брегот на Семетешко Езеро, во близина на Рашка во Србија.

Покрај Александар Стеванов, на колонијата учествуваа и автори од стрип-школите од Белград, Лесковац, Никшиќ и од домаќинот Рашка.

Во рамки на колонијата беше промовиран петтиот број на српската стрип-ревија „Рас комик“, во која е објавен стрип од 12 страници на Стеванов и на илустраторот Дарко Богданов од Виница.

Од СЦМ-Велес велат дека меѓу триесетината учесници на колонијата „Рашка 2018“ биле авторите Владимир Весовиќ, Горан Трајковиќ, Милош Цветковиќ, Илија Никчевиќ и Машан Савелиќ, а предавања одржале членови на некогашната култна уметничка група „Београдски круг 2“, Жељко Пахек и Бојан Ѓукиќ.

– Покрај споделените искуства и договорените идни меѓународни проекти и соработки, на маргините на оваа манифестација беше претставен дел од поновата македонска стрип-продукција, вклучително и последните два броја на магазинот „Стрип креатор“, информираат од СЦМ-Велес.

You May Also Like