Промоција на делото „КУЛТУРОЛОШКИ ТОЧКИ НА МАКЕДОНИЈА“ од м-р Александар Јорданоски во Музејот на македонската борба за државност и самостојност на 22.3.2023 (среда), со почеток во 12:00 часот.
Модератор: м-р Даниела Станковска-Плачковска
Промотори:
д-р Марјан Патлиџанковски, книжевник
м-р Марјан Гијовски, историчар
Извадок од книгата…
Патриотизмот на денешницата нужно побарува квалитативно потпирање на минатото како основа за постоењето, истовремено, освојување на европските и светските уметнички сцени, европските и светските спортски мундијали, изградување општествени, економски и политички релации со светот кои значат вклучување во светскиот крвоток, но не претопувајќи во масата, ами со зачувана индивидуалност и интегритет, збогатувајќи го тој крвоток со свој печат.
Патриотизмот на денешницата треба да одговори на предизвиците од своето време, да биде континуитет на поставените темели, да ги маргинализира лукративните елементи, бидејќи тие само ја разводнуваат енергијата и создаваат ментална матрица од типот „за да се биде, па макар и еден ден близу до царот, да се уништи и самото царство“.