Метрополитен музеј во Њујорк со рекордни 7,36 милиони посетители во 2018 година

Најголемиот американски музеј, Метрополитен во Њујорк, кој има три локации во градoт, во 2018 година го посетиле вкупно 7.360.000, што е рекорд за една година.

Во претходната 2017 година, музејот имаше седум милиони посети. Ланскиот рекорд се должи на изложбата во Одделот за костими „Божествени тела” и „Микеланџело – божествениот сликар и дизајнер”.

  • Инспиративно е тоа што њујорчани и посетителите од цел свет доаѓаат да ги погледнат нашите изложби, како и постојаните поставки и разните програми што ги организиравме и тоа е прекрасна почит кон светската уметност, изјави директорот на Метрополитен, Даниел Вајс.

Од вкупниот број посетители, 32 отсто биле странци, од кои 14 отсто од Кина.

You May Also Like