На ден 9 – ти декември 2023 (сабота) е закажано отварањето на изложбата „Форми на системот“ на младиот автор Иван Аџиевски во Културно социјалниот простор Центар – Јадро во 19 часот.
„Форми на системот“ е трета самостојна изложба на младиот автор Аџиевски Иван, истата преставува мултимедијален концептуален проект во кој преку ликовната уметност, инсталациите, скулптурата, како и видео проекцијата авторот се обидува на пошироката јавност да и покаже критицизам на реалната состојба на коруптивниот неправичен систем со праќање порака за надминување на таквата состојба.
Цел на проектот е поттикнување на јавниот диалог за надминување на корупцијата и неправичноста на централно и на локално ниво од правниот систем како социјален проблем, како и стимулирање на повисока свест кај јавноста за овој проблем како пречка на евроинтеграција.
Проектот „Форми на системот“ е поддржан од Министерството за култура на Македонија и е дел од ,,Програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година’’.
Отварањето на изложбата „Форми на системот“ е закажана во Културно социалниот простор Центар-Јадро на 9 – ти Декември на Светскиот ден за борба против корупцијата.