Дедо Таљат си гази по модните писти со 82 години

Интернет сензацијата дедо Тони или Таљат Селмани, повторно е во центар на случувањата, овој пат на модната писта.

По неговата изјава пред камерите за една хрватска телевизија околу здравствениот систем и здравјето на постарите луѓе, социјалните мрежи експлодираа, беше направин музички микс со неговата изјава, а компанијата Вартекс од Вараждин го ангажираше како манекен за нивната модна ревија.

Таљат, или како што пријателите го викаат, Тони, во Загреб живее поголемиот дел од неговиот живот. Израснал и младоста ја поминал во гостиварски Вруток.

You May Also Like