Колку повеќе, толку подобро велат! Зиона Чана (Ziona Chana) е глава на најголемото семејство во светот. Тој има 39 сопруги, 94 деца, 33 внуци и 14 снаи …и нема ништо против да се „збогати“ со уште.
Сите заедно живеат во четири катна зграда со 100 соби во планинското село Бактавнг, во индиската држава Мизорам, која граничи со Мианмар и Бангладеш.
– Во една година се оженив за десет жени, раскажува Зиона.
Сопругите на Зиона делат соба за спиење близу до неговата лична спална. Локалните жители раскажуваат дека тој сака постојано да биде во друштво на 7-8 жени. Синовите на Зиона, заедно со своите жени живеат во различни соби, но делат една иста кујна.
Сопругите најчесто готват, додека снаите се по чистењето и миењето чинии. Мажите се занимаваат со работа надвор од домот – семјоделство и живинарство. Најстарата сопруга Зиона, ја запознава на 17 години.Таа е три години по возрасна од него.
Целото 167 члено семејство (заедно со снаите – 181 лица) козумира околу 91 кг. ориз и над 59 кг. компир на ден. Семството се издржува само од сопствени ресурси и од помош.
– Се сметам за среќен човек, вели Зиона. Имам толку многу деца за кои да се грижам, дури сега сум спремен да го зголемам семејството и да продолжам да се женам.