Дедото кој порачуваше да вежбате е од Македонија, од село Вруток

Деновиве целиот Балкан зборува за 82 годишниот дедо од Загреб кој ги нападна пензионерите и останатите кои се жалат за своето здравје и епидемија на грип, дека сето тоа им е од немање активност и не вежбање.

Тони, како се претстави при давањето изјава во центарот на Загреб е всушност Таљат Селмани, роден во гостиварски Вруток.

Тој во Хрватска пред повеќе од 60 години служел војска, се заљубил во некоја девојка и решил да остане таму засекогаш. Иако таа млада дама не останала негова животна сопатничка, тој останал во Загреб каде е до ден денес. Тука ја сретнал Нада, неговата сопруга со која ден денес е во среќен брак, како што вели самиот.

Се бавел со манекенество долги години, а изминатите дваесет е пензионер кој води активен живот и е здрав и витален.

По виралноста на видеото и изјавата: „Vezbaj, pi.da ti materina!“ и лавината позитивни реакции, раководството на познатата компанија Вартекс од Вараждин реши да му понуди ангажман како модел и заштитно лице.

Извор: 24sata.hr

You May Also Like