Започна фестивалот „Езерски бисери“ во Струга

Меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери 2018“ во Струга ги прими талентите од Русија, Унгарија, Хрватска, Украина, Словенија, Белорусија, Македонија, Казахстан, Литванија, Србија, Бугарија, Романија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Турција.

Главните фестивалски случувања се во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Во петок, 10.08. од 21 часот ќе се одржи избор за Европска убавица, во организација на World Beauty Contest од Москва. Осумнаесетте кандидатки за оваа ласкава титула ќе се претстават во национални костими, во спортско издание и во вечерни тоалети.

Натпреварот во класика и естраден вокал и танци ќе се одржи во сабота, 11.08.2018. со почеток во 10 часот, а настапите ќе бидат оценувани од меѓународно жири.

Публиката ќе може да ужива во најатрактивните музички и танц изведби на традиционалниот Гала концерт кој ќе се одржи во недела од 21 часот.

Во рамките на фестивалот кој трае од 07.-14.08.2018. ќе се одржат повеќе мастер класови за учесниците, за кои се организирани и посета на Охрид и Вевчани.

Најдобриот учесник ќе добие награда Гран при, фестивалска статуетка, парична награда од 1000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.

You May Also Like