Пилот емисија Магазин „4“ за хип хоп култура

Магазин „4“ е получасовна видео емисија посветена на хип хоп културата. Наследник е на видео емисијата Хип Хоп Магазин (2007-2010) и online хип хоп списанието „4“ (2010-2014). Името „4“ доаѓа од четирите хип хоп елементи, но емисијата обработува најразлични теми од областа на поткултурите, уметноста и од општествениот живот.

Емисијата ја прават хип хоп активисти – Александар и Славчо Ковилоски од хип хоп групите Браќа по крв и Клан Исток, засилени со Кацар. Магазинот ќе излегува периодично (на секои два месеци) и освен редовните рубрики ќе го третира и поширокиот општествен контекст во кој се јавува и развива хип хоп културата.

Обработувајќи прилози од најразличен аспект, магазинот е погоден за сите љубители на алтернативната уметност.

You May Also Like