На денешен ден (24 февруари 1946 година) во Скопје формиран е ДЛУМ.
На иницијатива на македонските уметници Никола Мартиновски, Лазар Личеноски, Димо Тодоровски, Здравко Блажевиќ, Борко Лазески и на други, било формирано Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).
Друштвото работи на афирмација на ликовното творештво во Македонија, преку организирање самостојни и групни изложби на неговите членови во земјата и во странство.
ДЛУМ организира и повеќе традиционални изложби, меѓу кои годишните изложби на графика и цртеж, сликарство мал формат, „Зимскиот салон“ (биенална изложба) и годишна ревијална изложба.
ДЛУМ ги доделува и следниве награди:
„Нерешки мајстори“ – за сликарство и континуирано творештво и скулптура;
„Лазар Личеноски“ – за сликарство;
„Никола Мартиноски“ – за цртеж;
„Димче Николов“ (поранешна Моша Пијаде) – за графика;
„Петар Мазев“ – за сликарство за помлад автор;
„Јордан Грабул“ – за скулптура и
„Димитар Пандилов“ – за сликарство мал формат;
„Гран-при“ – се доделува на изложбата Зимски Салон;