Во Велес започна стрип колонијата „ВЕЛЕС 2018“

Во организација на Стрип центарот на Македонија-Велес во Велес започна првата стрип колонија во Македонија насловена „Велес 2018“, која ќе трае до сабота, а која е финансиски помогната од Министерството за култура и Општина Велес.

На првата стрип колонија учествуваат гости од Србија – Рашка, Лесковац и Белград, од Црна Гора и автори од разни генерации од Македонија.

Колонијата се одржува под менторство на специјалниот гостин, професорот Владимир Весовиќ од Школата за стрип од Белград, а кој ќе им помогне на учесниците да ги развиваат своите способности.

Нацртаните стрипови ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип конкурс за кој рокот е 20 септември, а со тоа и објавување во ревиите „СТРИП КРЕАТОР“ И „АЛМАНАХ“, како и традиционалната стрип изложба, во средината на октомври во Велес.

You May Also Like