Нова песна “Жал за Ефтина” соработка на охридски и скопски рапери

Охридските рапери Бед Контракт, Багзи, Топал како и јутуберот Вик Какаротски снимија нова песна заедно со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика од Скопје.

Песната се снимаше во МВП студиото во Охрид, музиката е на Пука Козметика и Наум Доловски – Мечка кој го изработи и аранжманот, додека текстот е на сите споменати рапери.

Видео спотот се снимаше на неколку локации низ Охрид, реално беше предизвик кој се случи за еден ден снимање и неколку дена монтажа.

You May Also Like