Со особено задоволство Ви ја претставуваме новата верзија на култната песна „Шефе“. Пред два месеци, со помош на нивните фанови и пријатели, направија една он лајн верзја, која е одлично вклопена, а за која го изработија овој спот.
Како што велат од бендот, ова е: „Нова ГРАДСКА, НАРОДСКА, СВЕТСКА и не знам уште што али мислиме дека успеавме у све а патем речено,да не ја оштетиме. Песната е Македонско-Американско- Канадска кооперација (копродукција) и сите ние што учествувавме во ова парче музика сме среќни и презадоволни.“
Ние само ќе надополниме. Сеуште се моќни, јаки и полни со силен дух.
Продолжете дечки, единствени сте!