Трибина за хип-хопот на Институтот за македонска литература

По повод 40-годишнината од првата хип-хоп песна „Раперс дилајт“ од 1979 година, изведена од групата Д’Шугархил Генг, а во рамките на „Годината на Хип-Хопот“, Институтот за македонска литература организира трибина насловена како: „Хип хоп култура (40 години уметнички перформанс)“.

На трибината којашто се одржa на 8 мај (среда), во 11 часот, во просториите на Институт за македонска литература (Културолошки студии), ќе учестуваат: д-р Маја Јакимовска-Тошиќ со воведно обраќање, д-р Антоанела Петковска, д-р Славчо Ковилоски, д-р Ристо Солунчев, д-р Дејан Методијески, д-р Вангел Ноневски и м-р Александар Ковилоски. На трибината како гости ќе учествуваат повеќе македонски хип-хопери од сите генерации, кои по завршувањето на трибината ќе имаат можност да земат учество во планираната дискусија.

Хип-хопот како глобален тренд и популарна култура е присутен во највисоките академски средини. Во нашата земја се одржани повеќе предавања, трибини и дебати од неформалната организација Хип Хоп Македонија, која ја продолжува традицијата на иницирање, организирање, вклучување и активност на вакви настани.

Со организирањето на оваа трибина, Институтот за македонска литература ја вклучува нашата Република во редот на земјите каде што хип-хоп културата се изучува на највисоко академско ниво, обработувајќи најразлични аспекти: поврзаноста со религијата, социологијата, философијата, политиката, револуцијата, моралот и етиката, феминизмот и родот итн.

П р о г р а м а
Воведно обраќање на д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, директорка на Институтот за македонска литература – Скопје
д-р Антоанела Петковска, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Социолошки аспекти на урбаната култура
д-р Славчо Ковилоски, Институт за македонска литература, УКИМ, Скопје 40 години хип-хоп
д-р Ристо Солунчев, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Револт и Algor mortis
д-р Дејан Методиески, Факултет за туризам и бизнис логистика, УГД, Штип Големиот бизнис наречен Хип-хоп
д-р Вангел Ноневски
Дерида, семплот и слободната игра во дискурсот на ремикс културата
м-р Александар Ковилоски, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Хип-Хоп Македонија во теорија и пракса

You May Also Like