„Тоа си ти“ на Daz Flow

Вчера излезе најновиот видео спот на младиот хип хоп артист Daz Flow, за песната „Тоа си ти“.

Музиката и аранжманот се на Skeet Skeetara. Продукцијата на песната и миксот се дело на Воислав Димитријевиќ и Гордан Божиновски, а истата е дел од албумот „Кругот се врти“, издаден годинава.

Спотот е снимен на неколку локации во населбата Ново Лисиче. Зад камерата и во улога на сценарист се јавува Лира Ѓокиќ,  додека за монтажата е задолжен Гордан Божиновски.

Уживајте и слушајте!

You May Also Like