Во Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 1, вечерва (вторник, 7 мај 2019) во 20:00 часот, ќе се отвори изложбата на слики насловена „ ПТИЦИ ( за мојата ќерка) “ од Јорданчо Кицовски.
На изложбата авторот ќе се претстави со 20 дела, работени акрилик на платно, создадени последниве три години.
Јорданчо Кицовски е роден 1980 година, во Скопје. Факултет за ликовни уметности завршил во Скопје ( графика, реставрација и конзервација ). Слика на ѕидови и фасади, изработува сувенири, икони, слики, цртежи, стрипови …
Реализирал една самостојна изложба во Скопје и повеќе групни изложби во Македонија и САД. Учествувал на неколку ликовни колонии во Македонија.