Концерт „Вино и Џез“ со Владимир Четкар оваа сабота во Охрид

Оваа сабота, 18 август, Владимир Четкар ќе го одржи традиционалниот концерт „Вино и Џез“ во Охрид, во Хотел Филип.

Ова е четврта година по ред како се одржува овој музички настан каде што публиката ќе може да ужива во авторската музика на Четкар и во извонредните македонски вина.

Вратите се отвараат во 20:00 часот а концертот ќе започне во 21:00 часот, влезниците за овој концерт чинат 300 денари.

You May Also Like