Промоција на графичката новела „Хашиш” од Ѓорѓе Јовановиќ

Графичката новела „Хашиш“ од визуелниот уметник од Скопје Ѓорѓе Јовановиќ, а по текст на Анри Мишо, е седма книга од стрип – едицијата „Лифт“ на издавачката куќа „Темплум“.

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечерва (петок, 12 октомври)  ќе биде отворена изложбата на која ќе биде презентиран целиот процес на изработка на графичката новела, како и селекција на цртежи, развојните фази на книгата, неколку решенија за корицата и фонтот што специјално е изработен за потребите на оваа графичка новела.

Светот во графичката новела „Хашиш“ изобилува со ситуации кои претставуваат огромен предизивк да бидат преточени во слика или пак графичка новела. Исто така и фактот дека текстот нема класична наративна линија туку претставува збир на фрагменти – записи или пак дневник што тој го водел додека експериментирал со хашишот. Таквата фрагментирана структура ми даде голем простор за „маневрирање“, вели Јовановиќ.

You May Also Like