Foolish Green со најава за албум

Ненад Стефаноски или Foolish Green е алтернативен музичар од Скопје, кој создава психоделичен поп, односно алтернативен британски рок, користејќи неконвенционални начини на снимање и креирање звук, хармонски гласови и музички структури. Во очекување е неговиот прв соло проект, насловен како “Escape” кој би требало да биде еден од ретките изданија од овој тип на нашите простори.

Покрај овој ангажман, голем број од неговите дела можеме да ги препознаеме и во македонската хип хоп музичка сцена, работејќи како продуцент со Легијата, Green Out, Против Сите итн.

You May Also Like