Вечер (петок, 29 јуни) во 20:00 часот на големата сцена на МОБ во рамките на „Скопско лето“ ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ од Камиј Сен – Санс.
Балетот е во два чина,а дејствието се одвива во Газа, Палестина околу 1150 година п.н.е. кореографијата ја подготви Роналд Савковиќ од Хрватска. Со амбиентална изведба на дел од музиката учествува Џенгиз Ибрахим, како вокал настапува Вероника Ронда од Шпанија, а на пијано нејзиниот сонародник Пабло Салинас.Во претстават се користи и филмска музика од Ханс Цимер.
Во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова во улогата на Далила, Јован Веселиновиќ од Србија во улогата на Самсон, Мими Поп Алексова во улогата на Крв, Бобан Ковачевски во улогата на Месо и Билјана Пашариковска во улогата на Зло. Настапува и целиот балетски анасамбл на Македонската опера и балет.
Половина час покасно, во 20:30 во Музејот на современата уметност во Скопје ќе биде одбележан Меѓународниот ден на архитектурата со 2 изложби: „Богдан Богдановиќ – pроколнатиот архитект“ и „Портрети на архитектите“ – групна изложба на неколку српски архитекти.