„Ѓубрето“ на Стиховен калибар и К.У.Р.

Како претходница на најновиот (а според негови зборови,  и последниот) албум на Горан Јанкуловски познат на хип хоп сцената како Стиховен калибар, пред околу еден месец се појави видео изданието за нумерата „Ѓубрето“.

Стиховен калибар заедно со К.У.Р.Заедно со К.У.Р. (Културно уметнички работници) направиле навистина еден одличен спој, помеѓу хард кор и рокабили звукот кој К.У.Р. го негуваат и одличните рими на Стиховен калибар обработувајќи ги социјалните и општествените случувања.

Одлична продукција, мелодија која по црстината на звукот асоцира на Rage Against The Machine, и секако добар видео запис, за кој „екипата“ на Културно уметнички работници му дава посебен шмек со својот специфичен начин на однесување.

Уживајте во „Ѓубрето“ на Стиховен калибар и Културно уметнички работници!

You May Also Like