„Здраво Млади!“ трето издание

Третото издание на фестивалот „Здраво млади!“ годинава ќе се одржи на 17 мај во Младинскиот културен центар (МКЦ).

На Здраво Млади настапуваат:
Фестивалот ќе го отвори loopstation атракцијата од Германија – Konrad Kuechenmeister, какафоничното лондонско машко-женско дуо Bitches, македонското гастарбајтерско електро поп дуо од Србија – Ти, атрактивниот дарк квартет од Белфаст, С.Ирска Girls Names, меланхоличната музичка мистерија од Канада – Chinawoman, високозаразната исландска електро-поп формација FM Belfast, македонските рап акробати број 1 – Green Out, психоделичниот surf 60’s disko punk indie surf post rock & more скопски бенд The John, домашните диџеи Game Over и Ulterior, најновото глобално денс чудо директно од Чикаго, САД, основополжниците на juke/footwork сцената DJ Rashad & DJ Spinn, а фестивалот ќе го затвори кросовер електро дуото од скопскиот андерграунд Кантон 6.

Одбројувањето започнува сега. Уште 38 дена до македонската нова година, фестивалот Здраво Млади!

You May Also Like