Funk Shui со свој прв соло концерт

FUNK SHUI ќе го имаат својот прв соло концерт на 29-ти март во МКЦ (Дeнсинг сала).

За Funk Shui доволно е само да се напомене дека изминатата година им беше доста плодна и активна со настапи на големи сцени и со големи артисти, имаа неколку нови изданија од кои излегоа хитовите „Виулица/Сомнежи?“, „Крик“, „Стаклени нозе“, „Деца“, а ако се земат предвид нивните фуриозни настапи, се очекува салата во МКЦ да биде исполнета до последно место.

Билетите за концертот на Funk Shui се пуштени во продажба преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk по цена од 300 денари, а на денот на концертот – 400 денари.

You May Also Like