Рамбро Амадеус, Хладно пиво и Фолтин концертно во Битола

Вечерва (петок, 24 август) во Битола пристигнува славниот црногорски евровизиски претставник Рамбо Амадеус, кој утревечер настапува на големиот музички хенпенинг во рамките на фестивалот „Битола отворен град 2012“.

Хрватската панк-рок атракција „Хладно пиво“, која во Битола ќе пристигне во текот на утрешниот ден (сабота, 25 август), заедно со Rambo Amadeus & Broken Beat Sextet се носители на музичкиот набој на главниот музички хепенинг, во кo-организација и партнерство на МКЦ-Битола и промотерската куќа Fresh Union, кој традиционално се одржува во рамките на „Битола отворен град“. Покрај нив ќе настапи и домашниот состав „Фолтин“.

„Хладно Пиво“ ексклузивно и премиерно настапува во Битола. Концертот на Ракометното игралиште е со почеток во 21:00 часот.

Фестивалот во изминатите неколку години собира над 5000-на публика која доаѓа на главниот музички хепенинг од земјата и соседните држави, како и неколку кратно повеќе посетители на останатите фестивалски содржини. Таков интерес се очекува и на утрешниот музички хепенинг.

Со својот нагорен тренд во текот на 11-те години постоење, фестивалот уште еднаш го потврдува културниот бренд на Битола и овозможува креативен ангажман на голем број млади луѓе од земјата и странство.

You May Also Like