Промоција на компилацијата „Некои девојки“

Компилација на која се поместени 15 композиции од домашни артистки и групи со проминентни женски членови кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена, како Bernays Propaganda, Devojka, Future Cathedrals, G-rough, Galathea, GreenFuzz, Herzel & Genoveva, June, Нина Георгиева, Plava …

На оваа компилација се поместени 15 композиции од домашни артистки и групи со проминентни женски членови кои се дел од актуелната незавизна музичка сцена.

На компилацијата со свои песни учествуваат: Bernays Propaganda, Devojka, Future Cathedrals, G-rough, Galathea, GreenFuzz, Herzel & Genoveva, June, Нина Георгиева, Plava, Првата дама, Quiet Hiroshima, Sleet, Telemama и Undone.

Голем дел од овие композиции ќе бидат за првпат објавени на носач на звук, а дел од нив се специјално креирани за потребите на компилацијата. Помеѓу изведувачите на ова издание има дебитанти, но и добро познати имиња со повеќегодишно искуство. Стилски компилацијата е разновидна, покривајќи низа на жанрови кои ја отсликуваат разноврсноста на современата македонска сцена. Ова е прво музичко издание од ваков вид во Македонија.

На оваа компилација работеше тимот и пријателите на емисијата Ако никој не свири, која се емитува на брановите на Канал 103, во партнерство со Младински Културен Центар – Скопје. Извршен продуцент е Ѓорѓи Јаневски. Дизајнот на цеде изданието е на Јасмина Главинче. Дизајнот на дигиталното издание и постерот се дело на Филип Букршлиев. Мастерингот го изработи Ален Хаџи-Стефанов.

Покрај на ЦД-формат, кој ќе биде достапен на промоцијата, почунувајќи од понеделник 24 март, компилацијата ќе биде достапна и во дигитално издание на страницата http://nekoidevojki.bandcamp.com/ и на http://www.akonikojnesviri.mk/
Активностите поврзани со ова издание ќе бидат заокружени со концертна промоција која ќе се одржи во јуни, во МКЦ.

You May Also Like