Florian Kupfer вечерва настапува во Капан Ан

DJ Florian Kupfer (Берлин, Германија), овој петок (26 септември 2014) настапува во Капан Ан.

Florian е еден од најбараните и најпопуларни млади претставници на германската хаус сцена, фантастичен DJ и дел од реномираната издавачка куќа Long Island Electrical Systems (L.I.E.S), како и автор на “Feelin” – најголемиот хаус хит на 2013.

Чест гостин во еминентните берлински клубови како Prince Charles, Chalet, Robert Johnson, Golden Pudel… неговиот звук е свежа и уникатна комбинација на класичниот њујоршки хаус звук со мрачни и минималистични асид хаус и техно влијанија карактеристични за берлинската клубска сцена. Во 2010 е забележан од страна на Ron Morelli, кој го воведува во фамилијата на L.I.E.S, етикетата од Њу Јорк која изминативе неколку години се наметна како водечка етикета на модерната хаус музика.

Покрај Florian Kupfer, вечерта ќе настапат DJ-ите од скопскиот BTKRSH колектив, кој е организатор на настанот.

You May Also Like