Изложба на графики од Димитар Малиданов во Куманово

Отворена изложбата  на графики на академскиот уметник Димитар Малиданов во Уметничката галерија во Куманово …

Во Уметничката галерија во Куманово синоќа беше отворена изложба на графики на академскиот уметник Димитар Малиданов, која се спроведува во соработка со Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, како дел од проектот „Кич, да !?/ Сте или не “.

– Во рамките на овој проект се одлучив да се претставам со графики од мал формат, графики настанати паралелно со големите графики, паралелено со сликарството, кои јас ги излагав во Македонија, но малите графики се презентирани надвор од државата. Направив целина за да има можност нашата публика да види што уметниците излагаат надвор. Чест ми е што се претставувам во Куманово, бидејќи мојата прва самостојна изложба беше токму во оваа галерија, рече Малиданов.

Проектот „Кич, да !?/ Сте или не“ се спроведува осма година. Инициран од Министертвото за култура во координација и реализација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје. Изложбата во Куманово ќе биде отворена до крајот на март. Претходно таа беше поставена во Кавадрци и Охрид.

Малиданов дипломирал сликарство на Академијата за ликовна уметност во Љубљана во 1972 година, кај проф. Габриел Ступица. Досега имал триесетина самостојни изложби, а учествовал и на преку двесте групни изложби во Македонија и надвор. Учествува и на ликовни колонии и работилници дома и во странство. За својата уметничка и педагошка работа Малиданов има добиено високи награди и признанија.

You May Also Like