Книга за афро-американската култура од Александар Ковилоски

„Создавање на афро-американската култура“ е официјална презентација на магистерскиот труд на Александар Ковилоски, одбранет на Институтот по социологија при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје под наслов „Осознавањето на афро-американската уметност преку уметничкото изразување во ХХ-от век“.

Замислена е во четири дела, кои хронолошки  ги објаснуваат начините на влијание на aфро-американската уметност во креирањето на афро-американскиот културен идентитет во текот на ХХ-от век.

Користената литература од преку 100 социолошки, антрополошки и културолошки текстови би требало да го задржат вниманието на читателите кои би сакале да ги надградат своите теориски размислувања во врска со расните прашања и политиката поврзана со нив, културната репродукција, културната асимилација и културниот идентитет.

Книгата содржи 129 страници, а издавач е Академски Печат.

Бесплатно може да ја симнете тука.

You May Also Like