Сефардско музичко патување на Бит Фест

Вечер (недела, 22 јули) во 22:00 часот во рамките на Бит Фест ќе настапи  шпанската група „Офир“ која изведува сефардска музика.

„Сефарадско патување од Мадрид до Манастир“ е насловот на концертот што групата Офир (Ofir) го одржува во Битола, а се реализира во соработка со Еврејска заедница во Македонија.

Шпанската група Офир е култен авант џез рок бенд во Европа. Во неа членуваат: гитаристот и композитор Анхел Онталва, придружуван на елекстричен бас од Аманда Пазос Косе, Виктор Родригез на клавијатури, Френк Мангас на саксофон, Тони Магнас тапани, како и пејачката Џосефина Гомез. Најголемиот дел од нивната музика има цигански звук, со големо влијание од фламенкотофламенко, со солидна вокална техника и завидна ликрика. „Офир“ пејат сафардска музика која никого не го остава рамнодушен.
Офир настапите во Македонија  ги посветува на македонските сефардски Евреи и нивната музика.

Во рамките на „Локум фест“, кој пак е дел од Бит Фест, вечер пред шпанската етно музика, посетителите на Широк сокак и Старата битолска чаршија ќе можат да слушнат и чалгиска музика, но и да ги погледнат изложените старини и ракотворби.

You May Also Like