Пламенка Трајковска со концертни настапи во Кочани и Каменица

Виолиниста Пламенка Трајковска со концертни настапи во Кочани на 24 август и во Македонска каменица на 25 август. Истите се дел од концертната промоција на албумот на Пламенка Трајковска со наслов „Апасионато“ кој официјално беше промовиран и пуштен во продажба во јуни на светскиот онлајн пазар.

Концертот во Кочани е дел од Манифестацијата „Град на културата“ и ќе се одржи вечерва (петок, 24 август) со почеток од 21:00 часот,  пред Домот на културата „Бели мугри“ во Кочани. На концертот покрај Пламенка ке натапат и виолинистките Тања Силјановска и Билјана Југова како и виолистката Љубица Симјановска.

Концертот во Македонска каменица е дел од манифестацијата „Топол културен бран“ и е закажан за утре вечер (сабота, 25 август) во 20:30 часот,  на платото пред соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ на Градскиот плоштад. Албумот Апасионато ке биде претставен од гудачкиот секстет во кој покрај Пламенка Трајковска ке настапат виолинистките Наташа Диденко, Тања Силјановска , Билјана Југова, виолиската Љубица Симјановска и Александра Петковска – виолончело.

Албумот Апасионато има за цел доближување на класичната музика до најшироката публика и се состои од класични композиции кои се обработени во модерен стил. Самите концерти се реализираат со специјално озвучување, осветлување и видео бим а музичарките изведуваат подготвена кореографија.

Албумот досега е изведен во Скопје, Битола, Штип и Струга. Концертите во Кочани и во Македонска каменица се поддржани од Министерството за култура и од општините Кочани и Македонска каменица.

You May Also Like