Изложба на Росица Лазеска во Мала станица

Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 28 мај 2013 година (вторник), со почеток во 20:00 часот, ќе се отвори изложбата на Росица Лазеска.

Цртежот како начин на ликовно изразување во кој линијата доминира како изразно средтво некако спонтано се наметнува како продолжение на претходните преокупации на Росица Лазеска – графиката. Експресивната, динамична ткаенина на линии во меѓусебна комуникација со графичките знаци форми и тонови создава хармонично обликувани астрактни композиции.

Линијата во нејзините дела е во исто време силна и лирична, моќна и нежна, динамична и смирена, апстрактна и наративна. Овој иреален ликовен свет на спонтани, брзи, непосредни линии е во директна корелација со графички третираните форми и тонски решенија од чија привидна меѓусебна спротивност се раѓа природна урамнотеженост и богатство што го карактеризира специфичниот ликовен израз на Росица Лазеска.

Кустос на изложбата е Маја Крстевска.

You May Also Like