На журка во Битола со Леа Добричиќ

Проект БПМ повторно активни на битолската сцена. По незаборавни отворања на летните сезони на олимпискиот базен во Битола, годинава журката се сели на ракометното игралиште.Позитивните вибрации од Белград (Србија), утревечер (сабота, 2 јуни) со себе ги носи Леа Добричиќ, страствена музичарка со бројни квалитети и музички способности.

Својот заразен микс од deep house, tech house, minimal и techno, со прецизна техника и елеганција до сега го вртела низ бројни познати европски клубови и фестивали, меѓу кои и Exit 2011. Леа настапува во Битола веднаш по загревањето на атмосферата од локалните гордости Goran Tech, Dejan Dex и K.Petrovsky.

Flooder, еден од милениците на битолската публика, ќе следува веднаш после Леа за да нé почести со затворање какво што му доликува на еден ваков настан.

Журката е со почеток од 23:00 часот, а влезот за истата чини само 100 денари. Билетите можат да се најдат во кафе барот „Лектира“ и на самиот влез од игралиштето пред почетокот на журката.

You May Also Like