Bryan Adams доаѓа во Скопје!

Историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.

После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови, а истовремено и големи песни – BRYAN ADAMS!

На 13-ти ноември во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат “Run to you”, “Summer of ‘69”, “Heaven”, “Please forgive me”, “Everything I do (I Do For You)”, “Have You Ever Really Loved a Woman” и многу други. BRYAN ADAMS доаѓа во Скопје во рамки на големата светска “Shine a light” турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 11- јуни во 9 часот наутро.

Bryan Adams во живо со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете!

You May Also Like