Ариан Лека: Морето е мојата литературна ДНК

Ариан Лека е еден од најплодните и најпознати албански поети, прозаисти, креативци. Тој е и одличен познавач на балканската и на македонската култура, несебичен поддржувач и поттикнувач на балканската културна соработка, основач на интернационалниот книжевен фестивал „Поетека“ и уредник на списанието „Поетека“ – партнер на Еурозине.

Лека е годинашен добитник на „Книжевниот жезол“, поетско признание што го доделува Друштвото на писателите на Македонија на манифестацијата „Празник на липите“ . На самиот фестивал, меѓу две патувања, овој вистински и книжевен морнар најде време и за интерсени одговори на прашањата за cooltura.mk…

Вашиот роман „Домашна змија“ е многу интересна приказна, навидум за банална семејна ситуација, но она што ги тера читателите да истражуваат е – каде е змијата или што е змијата? Таа е слепилото? Може ли човек да ослепи од светлината или од книжевноста?

  • Во поговорот на „Домашна змија“ (издание на Готен, Скопје), академик Луан Старова вели дека романот може да се вика и „Старецот и змијата“ (алудирајќи на делото на Хемингвеј). Во мојот роман Старецот не носи скелет од змија, ами ги донесува своите спомени. Тоа не се обични спомени, туку целиот негов живиот, анксиозноста која доаѓа по епохата на социјализмот, како belle époque, како и кошмарите од едено дистописко општество. На крајот на својот живот тој е убеден дека системот создал еден нов човек, иако тој човек нема никаков разум. Таквото општество репродуцира заслепени луѓе, оние кои првин беа заслепени од баналноста на злото, како што ги опишува и Хана Арент. Во исто време создаде и цело стадо замолчени, занемени луѓе кои не реагираат на недостатокот на слобода. Јас пишувам за тоа. Дел од тие луѓе е и овој старец (мојот лик), но тој не е без човечки особини. Иако можеби доцна, тој сака да се ослободи од своите одговорности. Иако во романот тој најголемиот дел од времето е принуден да биде во својот дел од куќата, во својот агол, темен агол, сепак она што останува светло се неговите мисли. Од овој агол, тој е како змија во сопствената куќа, а змијата пак е тотемска фигура воп албанската култура. Тој сфаќа дека по падот на режимот се раѓа „нов свет“ и тоа дава едно ново движување. Луѓето од ова двуижење не се само неразумни, туку и без човечки особини. Новелата не само што говори за деформираното минато, туку и за обизличената сегашност исто. Старецот како змијата (која е и католички елемент0 стои во некој меѓусвет, растргнат од љубовта мкон најблиските и омразата однадвор, меѓу Истокот каде што учел и Западот каде што сака да оди. Тој ја гледа психологијата на новото време, причините за грев и начинот на казна. Благодарение на неговата работа како морнар, тој имал можност да ја спореди Албанија со другите тоталитарни општества зад Железната завеса, но Европа како една целина.

Романот зборува и за тоа дека некогаш човек може и да ослепи и од светлина, но и од литературата? Како е тоа можно?

  • Јас верувам дека во Албанија претходно, како и во сите останати диктаторски и тоталитарни системи пропагандата ширена преку литературата создава деформирани луѓе, заслепени, не слободни граѓани, туку послушни робови. Старецот од романот читал вакви книги, дела на соц-реализмот, затоа што тие како просветлувачки биле чувани во библиотеката на бродот. Вакви книги читале и другите старци кои се наоѓаат во душевната болница. Тој ги среќава нив кога е присилен да го напушти својот дом, своето место. Така се наоѓаат заедно, заслепени, ослепени, заедно сонувајќи за враќање во времето на таа политичка идеологија. Слепилото од светлината се однесува на заслепеноста од живеењето во едно затворено место и време како во пештера како Комунистичка Албанија.

Дали романот може да се чита и како ода на осаменоста, но и како што вели мојата колешка Василка Пемова, како метафизичка варијанта на „Лет над кукавичиното гнездо“?

  • Ми се допаѓа идејата дека може да се прелета над кукавичиното гнездо, но Старецот не е само воајер и набљудувач. Старецот сфаќа дека ние живееме во социјален инцест, не само неговото општество и времето во кое живее, туку воопшто целиот систем во светот си игра со чувствата и верувањата на луѓето, и ги менува на полошо. Книгата зборува и за индивидуалната одговорност наспроти колективната, но и обратно. Книгата зборува и за концептот на уништување и самоуништување, на носталгијата и на осаменоста, но и јазот меѓу на генерацијата која заминува, со онаа која доаѓа и треба да носи одлуки. Старецот ги заразува сите со своето молчење, и се чини дека токму молкот, занеменоста е новата „затка“ на „новото мешано“ општество.

Морето е главен симбол во вашето творештво, еден ваш лик вели „Отсекогаш ги мразев куќите, а ги сакав бродовите“, што велите вие како негов творец?

  • Морето за мене е нешто многу важно, и физички и метафизички. Не доаѓа само од фактот дека јас и моето семејство сме родени покрај море, туку морето а мене е нешто како литературна ДНА. Можам да го идеализирам и морето и да зборувам многу за неговата чудесност и сликовитост, или за привилегијата да се биде дете родено покрај море. Тогаш практично почнувате да пливате во исто време и кога научувате да одите. Но би сакал да кажам дека ниедна друга поморска земја во Европа, нема толку интересна поврзаност со морето како Албанија. Но повторно, ова не е главната причина зошто мојата работа е поврзана со морето и со милениумскиот Драч. Морето ме потсетува на смртоносно пространство и желба за слобода во исто време. Тоа е желба за бегство и враќање. Проклество на еден народ што еднаш токму морето го користел за да се спаси од натрапниците. Сега го користи морето за бегство избега од себе и својата земја и заминување онаму каде што вечно ќе сонува за враќање дома. Ништо не говори толку многу за човечката османенот камко морето. Моето море пак е некоја средина, и бариера и порта, и пријател и казна, и учител и трговец. Јас сум пишувам многу за морето, за човечките маки, трговијата, за жртвите, за нашите скршени соништа, затоа дека Mare Nostrum сега е Mare Mortum, море кое се храни со луѓето што се дават во неговите води, на неговите бродови при разните преселби. Navigare necesse est, vivere non est necesse!

Важите за одличен познавач на балканската книжевност и уметност, како гледате на неа во денешен контекст, во споредба со европските и светските тенденции?

  • Ги читам балканските автори и сметам дека тука постои одлична литература. Обично не сакам да читам делејќи ги авторите на географски региони, но ни требаат термини. балканската литература не треба да се oддели од медитеранстака или европската, но не е така. Постои еден чуден синдром: Авторите, па дури и самата балканска литература е нешто како кандидат што чека. Балканскиот автор гледа со очите на човек кој тропа на портите на светот, а таа порта не е отворена. И тој чека. Но балканскиот автор не е само човек кој чека Шенген виза, туку чека и евро-читател. Што претставува балканската литература денес и што од неа очекува тој евро-читател? Трендот на пазарот налага тоа во најголем дел да биде литература која се заснова на стереотипни теми и мотиви: војни, трговија, одмазди, Беса и сл. И најчестио тука се кршат копјата, но тоа не е судир межу естети, туку помеѓу трговците кои ги диктираат правилата на пазарот. Што би било решението – превод или „повторно преведување“? Што би добиле ние „малите литератури“ од оваа асимилација? Знаеме дека на запад зад авторите стојат големи издавачки куќи и проекти, но кој стои зад литературата на Балканот? Скоро никој. Постојат неколку успешни проекти како Традуки, Reading Balkan, Creative Europe кои имаа и се уште имаат огромна улога и заслуга за нашите култури. Но шуирењето на книгата е важно како и преводот.

Каде е местото на албанската книжевност на таа мапа?

  • Последниве десетина години постои превод на албанската литература на нови јазици и тоа е добро. Исто така урнат е монополот од неколку имиња кои беа преведувани од Албанија надвор, значи сега постојат некои нови гласови на и од албанската книжевна сцена. Се соочуваме со нова ера во албанската литература, но сеуште не е оптимистички. И покрај сите напори Албанската литература е заглавена во сопствената утопија на недоволно позната литература, дури и на Балканот. И покрај сета размена, се уште остануваат само неколку имиња кои успеваат да ја напуштат таа литературна периферија. Сепак, се’ додека имаме преведувачи постои надеж. Балканот. На тој начин мултиетничноста и повеќејазичноста, како и малцинските етнички групи на Балканот можат да бидат мост.

Гледате ли иднината во меѓусебното познавање и соработка на македонската и албанската култура?

  • Се сеќавам на документарниот филм „Ткајачи“ на браќата Манаки, кога луѓето од Балканот играат заедно на отворено поле. Многу години се поминати од тоаш 1905 е снимен, ноз вучи убаво и идеално коаг би можеле сите заедно така да играме. Во тоа време , и покрај многуте разлики што ги имале меѓу себе сепак постои едно „НИЕ“ и „НАШЕ“ меѓу нив. И покрај фактот дека имавме навистина долг период на недоволна комуникација и неразбирање, секпак таасоработка постои. јас ќе споменам само дел од авторите што ги знам и читам од Македонија: Луан Старова, Лидија Димковска, Даим Мифтар, Богомил Ѓузел, Лилјана Дирјан, сите биле на едномесечна резиденција на “Tirana in Between” „Поетика“ преведе и објави уште цела една плејада автори како Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Али Алиу, Ќулафкова, Конески. Тие беа гости и на Поетика меѓународниот литературан фестивал. Од друга страна на Струшките вечери на поезијата, како и на други литературни фестивали во Македонија редовно доаѓаат пети и писатели оа Албанија.

Како го доживувате доделувањето на „Книжевното жезло“ на Друштвото на писателите на Македонија и како, општо, ги доживувате наградите?

  • Почестен сум и среќен што друштвото на писатели на Македонија ми го доделуваат ова призание и среќен сум што жирито толку високо ја оценило мојата поезија. Посебна благодарност им должам и на моите преведувачи и издавач во македонија: Марија Јашари, Ресул Шабани и Роберт Алаѓозовски. Симболот на жезолот освен што се поврзува со авторитети и големини, би сакал да го поврзам и посветам и со растечкиот процес на соработка на балканските култури. Среќен сум и за книгата што деновиве ќе биде објавена кај вас, затоа што за мене е од исклучителна важност да имам читатели во една соседна земја. Објавувањето на книгата на три јазика (англиски, албански и македонски) е од огромно значење и е во духот на мултикултурализмот. Кога ќе се вратам и ќе му најдам почесно место на Жезолот во мојот дом, мојата книга и мојот Читател ќе останат во Скопје, тоа е прекрасно чувство.

 

Александра Јуруковска

You May Also Like