
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, вечер (понеделник) 22.11.2010 во Музејот на град Скопје, во 20 часот, свечено ќе ја отвори Манифестацијата „АСК-Архитектура Скопје 2010“.
Вечер, свечено ќе биде доделена и Главната награда за архитектура на Град Скопје за 2010 година.
Манифестацијата „Архитектура Скопје“, традиционално се одржува во рамките на чествувањето на 13.Ноември, Денот на ослободување на Скопје.