Изложба – Автофотографии од Константин Плевнеш

Вечерва, (петок, 22 Јули 2011 година) со почеток од 20:30 – 23:30 часот во Културниот центар МАГАЗА – Битола, а во организација на НУ Завод и музеј Битола, ќе се одржи следниов настан:

Првата самостојна изложба на младиот филмски режисер Константин Плевнеш (1982) насловена како „Автофотографии“ го претставува пред македонската публика како неуморен трагач по подвижните и неподвижните слики на Картата на Светот.

Константин Плевнеш, со еден само нему својствен ракопис, ве фасцинира во самиот миг на гледањето и долго одѕвонува како музика на сеќавањето од неговата Автофотографија кога ќе се разделите со неговиот свет. Како што е познато, Константин Плевнеш е автор на десетина кратки и документарни филмови снимани преку Каиро до далечната Јапонија, кои доживеаја свои промоции на различни европски и светски фестивали. Меѓутоа, неговата поврзаност со духовната матрица на филмскиот кадар е доказ дека тој длабоко верува во една единствена вистина: фотографијата е мајка на филмската уметност, дека можеби животот не е филм, но дека филмот е живот.

You May Also Like