Дисфилхармонија утре настапува во Белград

Утревечер (четврток, 16.12.2010) скопскиот електронски квартет Дисфилхармонија привремено ќе мигрира во Белград на бродот 20/44 лоциран на реката Сава, каде што ќе настапи најнов материјал.

Ќе имаат локалната поддршка од Tearpalm и Немања Лазиќ, кои важат за едни од најинтересните појави на новата експериментална електронска сцена во Србија, како претставници на тој звук кај нашиот северен сосед. Концертот ќе започне во 23 часот.

Самиот настан истовремено ќе биде достапен за македонската публика преку директен радио пренос на брановите на Канал 103 (www.kanal103.com.mk) како и со интернет стриминг на следната адреса: tiny.cc/kanal103.

Повеќе информации за Дисфилхармонија можете да најдете на нивниот блог.

You May Also Like