Македонската филхармонија во четврток (16-ти декември) со почеток во 20 часот поканува на симфонискиот концерт со кој ќе се заокружи годината посветена на 200 годишнината од раѓањето на големиот полски композитор Фредерик Шопен.
Големиот јубилеј 200 години од раѓањето на Фредерик Шопен, покрај концертот кој е под покровителство на Претседателот, г-дин Ѓорге Иванов, ќе биде одбележан и со откривање на биста на композиторот, подарок од Р. Полска, која ќе биде сместена на видно место во концертна сала на Македонската филхармонија.
Бистата ќе ја откриваат Претседателот на Р.М. г-дин Ѓорге Иванов, директорката на Македонска филхармонија Маја Чанаќевиќ и Амбасадорот на Полска неговата екселенција Карол Бакура.
Откривањето на бистата ќе биде 10 минути пред почетокот на концертот (19.50) во Домот на АРМ.