ZAZ со концерт во Скопје!!!

Во моментов најпопуларната нова интернационална ѕвезда, музичкиот феномен од парискиот Монмартр – Zaz конечно ќе настапи на 28 мај 2012 година, во Скопје. Нејзината светска турнеjа започна од родната Франција и ќе ги вклучи сите поголеми светски центри.

Новата Édith Piaf, како што ја нарекуваат во Франција и Америка во Скопје доаѓа со својот бенд како би ги претставила своите мегахитови на македонската публика. Нејзината уникатна харизма и вонсериските пеjачки способности за мошне кратко време ја направија најпосакуваната пеjачка на сите светски дестинации. Заз за првпат настапува во Македонија.

Изабел Жофруа (Isabelle Geffroy), позната по сценското име Заз е родена на 1 мај 1980 година во Тур, централна Франција. Студирала музичка теорија, особено виолина, пијано, гитара и хорско пеење. Во 1994 година се преселува во Бордо, а година подоцна зема часови по пеење. Во 2000 година добива стипендија од Регионалниот совет на Франција, кој ќе и овозможува да се запише во училиштето за модерната музика CIAM (Центар за информации, музика активности). Меѓу нејзините музички влијанија се Четирите годишни времиња од Вивалди, џез артистите Ела Фицџералд,  Enrico Macias, Bobby McFerrin и Richard Bona, како и африканските, латино и кубански ритмови. Нејзиниот репертоар комбинира повеќе сродни жанрови од француската градска музика.

Во 2001 година пеjачка е на блуз групата “Fifty Fingers”. Во тоа време настапува со голем број џез квинтети. Во 2002 година се приклучува на латинската рок група Дон Диего. Договорот со нив го потпишува со “Z” од кадешто и потекнува нејзиниот прекар Заз. Дон Диего настапуваа со микс на француска и шпанска, афро, арапска, Андало и латино музика. Во 2006 Заз се селиво Париз. Тие години свири клавир во париските кабареа и барови. Година и пол, секоја ноќ настапува во кабарето “Aux 3 Mailletz” во квартот Сен-Мишел, специфично за тогашните настапи на Заз – без микрофон. Во желбата за се поголем креативен простор се одлучува да стане уличен уметник. Пеела на улиците на Монмартр, тротоарот “Place du Tertre”. Еднаш ќе изјави “Нашата рекордна заработувачка беше 450 евра за еден час. Во принцип, беше тоа 20 до 30 евра на час по особа.

Во 2007 година се јавува на интернет оглас кадешто продуцентот и текстописец Кередин Солтани беше во потрага за нов уметник со “промолкнат и помалку скршен” глас. Соработката се случи веднаш, а Солтани во меѓувреме пронајде и издавач. И покрај овој ангажман, Заз и се приклучува на групата “Sweet Air” и со нив снима еден успешен албум. Во декември 2008 година во организација на Француската алијансе у Владивосток настапува во Русија со 13 концерти за 15 дена со пијанистката Жилијен Лифзиц. Во јануари 2009 година во париската Олимпиа Заз го освојува “Le Tremplin Génération France Bleu/Réservoir”, престижно натпреварување на млади таленти, со што добива 5000 евра за промоција, како и прилика да сними спот за МТВ и албум. Веднаш заминува на турнеја во Египет, по што веќе во летото 2009 учествува на престижниот “Fuji Rock Festival” во Јапонија, за да повторно се врати да пее на улиците на Монмартр.

Следната 2010 година беше пресудна за Заз. Париската Телерама веќе најави дека таа е свет глас и дека ќе биде откровение на летото. Така и се случи кога на 10. мај го објави својот прв албум. Автор е на повеќе од половина на албумот (“Trop sensible”, “Les Passants”, “Le Long de la route”, “Prends garde à ta langue”, “J’aime à nouveau”). Кередин Солтани е продуцент на албумот и автор на познатите “Je veux” и “Ni oui ni non” (со пијанистката Вивијан Рост). Истата година потпишува договор за турнеја со компанијата  “Caramba” и издавачот “Sony ATV”. Нејзиниот прв сингл е веќе мегахит. “Je veux” (со над 10 милиони прегледи на YouTube) е една од нејзините најпопуларни песни која јасно го изразува презирот кон современото потрошувачко општество. Во истиот момент албумот ќе се најде на топ листите на сите европски земји, а во јуни 2010. година веќе ќе биде сертифициран како платиниумско издание, со над пола милион продадени копии.

Овогодинешната турнеја на Заз започна во Франција, ќе продолжи во Јапонија, Белгија, Германија, Украина, Русија, Полска, Турција, Чешка и Швајцарија, по кои концерти ќе ја посети и Македонија, а во окружувањето Заз ќе има свој настап и во Бугарија, Србија и Хрватска, каде што влезниците за концертите на Заз ќе се движат од 25 до 60 евра.

За настапот на Заз, местото на одржувањето на концертот, како и цената на влезниците кои ќе се продаваат преку тикет сервисот mktickets.mk наскоро.

You May Also Like