„Двајца во градот“ (Two Men in Town) од 7 август во Кината. Кога слободата на еден човек ќе стане опсесија на некој друг…
Францускиот режисер од алжирско потекло Рашид Бушареб бил маѓепсан од приказната на филмот Двајца во градот („Deux hommes dans la ville”) од 1973 г. со Ален Делон во главната улога, па решил да сними римејк. Главните улоги им се доверени на оскаровецот Форест Витакер и легендарниот Харви Кајтел. Кино публиката ќе има можност да го гледа новото остварување на Бушареб „Двајца во градот“ (Two Men in Town) од 7 август.
Форест Витакер го глуми Вилијам Гарнет, поранешен дилер кој е пуштен од затвор по 18 години поради убиство на локален полицаец. Благодарение на ново откриената муслиманска религија, Вилијам го менува своето однесување на подобро и сакал да стане примерен граѓанин. Со помош на сочувствителната социјална работничка (Бренда Блит), започнува нов живот во малиот правлив град во Ново Мексико. На почетокот, Гарнет носи аура на реформиран човек, наоѓа постојана работ и гради љубовна врска со локална девојка. Меѓутоа, неговото минато во малата заедница е добро познато. Под голем притисок е бидејќи истовремено сакаат да му се одмаздат шерифот (Харви Кајтел) и мексиканскиот криминалец од неговото минато.
Во актерската екипа покрај Витакер и Кајтел се и Луис Гузман и сјајната Елен Берстин.
Филмот „Двајца во градот“ на режисерот Рашид Бушареб премиерно беше прикажан на 64-тото Берлинале.
Тука погледнете го трејлерот за филмот.