Лајонс клубот Кабадаја од Битола со хуманитарна вечер

Вечерва,  (сабота, 18-ти фебруари 2012 година) со почеток во 20:00 часот во ресторан Премиер – Центар Лајонс клуб Кабадаја од Битола ја организира годишната хуманитарна забава Bon Vivant – вечер на вино и пријателство. Собраните средства се наменети за децата со посебни потреби.

Во вечерта ќе уживате во дегустација на прекрасните вина на винаријата DALVINA која оваа година е генерален покровител на забавата, како и во богатите вкусови на менито исполнето со традиционалните производи на BiMilk – Битолска млекара и приготвено со кулинарска фантазија во ресторан Премиер – Центар. Гостите ќе ги забавуваат групата Калабалак, Марина Коруновска и Драган Мијалковски.

Лајонс Клубот Кабадаја од Битола е друштво со хуманитарна дејност кое од своето формирање во 2009-та година организира  хуманитарни акции, спроведува донаторски активности и постојано се бори и застапува за подобрување на условите на децата со посебни потреби сместени во институциите во Битола.

You May Also Like