Жирафата Орка која неодамна пристигна во Зоолошката градина во Скопје, викендов го прослави својот втор роденден. Вработените во Зоолошката се погрижија малиот Орка да се чувствува удобно во новото живеалиште, а подготвија и торта, со која ги почестија гостите. Интересно е да се каже дека Орка е роден на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.